Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за името и федерализација

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за името и федерализација

Двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и денеска преку соопштенија си упатија обвинувања едни на други за името и федерализација на Македонија.

Од СДСМ велат дека медиумските курири на Никола Груевски, платени со пари на граѓаните, немаат почит ниту за најголемиот христијански празник Велигден.

Од партијата додаваат дека Никола Груевски и провладините медиуми, го сквернават празникот со невистини и ги омаловажуваат чувствата на граѓаните од православна вероисповест.

„Стравот од соочување со одговорноста за криминалот Никола Груевски сака да го прикрие со фобични нарачки на медиумските курири за измислување прикаски за федерализации, дури и на верски празник. Никола Груевски одамна не може да ги лаже граѓаните. Има безброј примери за лажниот патриотизам на Никола Груевски на штета на граѓаните и на Република Македонија. Јавноста виде и слушна дека лажниот патриот Никола Груевски, со братучедот Сашо Мијалков и нивниот бизнис партнер Манолис од Грција, задкулисно се пазареле со уставното име на Македонија“- се наведува во партиското соопштение од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак одговараат дека СДСМ не можат да се воздржат од  напади, гнев и омраза кон медиумите и во пресрет на големиот христијански празник Велигден.

„Граѓаните многу добро го знаат ставот на Зоран Заев за виткањето кичма за името, прашањето околу употребата на албанскиот јазик во цела држава и неговиот став околу федерализацијата на Македонија. За ова на СДСМ не може да им бидат виновни ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту медиумите“ -  стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, нека ја побараат вината кај оној што стои зад изјавите пренесени во медиумите, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести