Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за образованието

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за образованието
Власта ја внесува Кембриџ програмата во македонските училишта на еден аматерски начин, на сила и без потребните подготвки на образовниот систем, сметаат од СДСМ. Според нив реформите предизвикуваат „солзи кај децата, нервози кај родителите и збунетост кај наставниците кои мора да брнаат нешто за што биле обучувани само два дена“. „ За тоа говори и неопременоста на училиштата со помагала, што треба да им го олеснат на децата совладувањето на обемната материја. Колку има да објасни власта околу најновиот Кембриџ експеримент, говори партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ од цели две страници“, велат од опозициската партија. Социјалдемократите сметаат дека образовните власти и должат објаснувања на незадоволната јавност којашто со право реагира на импровизациите во образованието. Според ВМРО-ДПМНЕ, пак, на СДСМ му пречат инвестициите и реформите што ги прави Владата во сферата на образованието. „СДСМ никогаш нема да признае дека конечно македонскиот образовен систем во Република Македонија оди напред и добива еврoпски предзнак. Очигледно, никој во СДСМ не е информиран дека се воведуваат целосно нови наставни програми и учебници, адаптирани според наставните програми на Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ. Се работи за најголемиот светски провајдер на меѓународни образовни програми и квалификации за деца на возраст од 5 до 19 години, прифатени во 160 земји и над 9000 училишта“, регираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија виа Кембриџ

Слично

Поврзани вести