Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за автопатите

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за автопатите
Доцна е владејачката партија дури сега да се сети на патиштата во земјата, сметаат од опозицискиот СДСМ. „После 8 години на власт, Никола Груевски дури сега се сети на автопатиштата. Доцна е! Македонија е презадолжена. Зошто досега се наплаќаше за делницата кога е таа е во катастрофална состојба? Каде одеа тие пари на граѓаните?“, праша СДСМ по денешниот официјален старт на реконструкцијата на делницата Велес-Катланово. „Ако намерата на власта на Груевски навистина е инвестиции на патишта, тогаш Груевски нека одговори каде се парите на граѓаните од патарините и регистрациите во 8-те години владеење, бидејќи патишта нема. Или приоритет беа спомениците и галиите, додека граѓаните патуваат по катастрофални патишта од коишто повеќето се и опасни по живот“, се вели во соопштението до СДСМ. На ваквите обвинувања експресно возвратија од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ со години, во неколку мандати, не градеше ништо во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ денес гради три автопати во исто време, Демир Капија - Смоквица, Скопје - Штип и Кичево - Охрид. Со само овие три автопатски делници вкупната должина на автопатската мрежа ќе се зголеми за повеќе од 60%, возвратија од Центар за комуникации на владејачката партија. „Срамота е СДСМ да зборува за инвестиции во патишта и инфрастуктурата, бидејќи кога имаа прилика да градат тие се занимаваа со приватизации, со грабежи и со бркање од работа на 200 000 луѓе. СДСМ реагира од завист и љубомора. Тие никогаш не видоа како е да се гради толку многу за својата држава и својот народ. Тоа што се гради сите граѓани го гледаат, а на раководството на СДСМ му набива страв“, се нагласува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое се наведуваат автопатските делници чија изградба сега е во тек. Автопатската делница Велес-Катланово се реконструира, патарината и натаму ќе се плаќа  
Слично

Поврзани вести