СДСМ и Владата се скараа – колку пари одат на владини кампањи во медиумите?
СДСМ прашува од кои средства ВМРО-ДПМНЕ ги плаќа негативните кампањи против опозицијата, кога во најновиот ревизорски извештај нема ниту еден податок дека партијата исплатила пари на некој медиум. Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов обвини дека Владата во 2013 година префрлила над 280 илјади евра на сметката на Канал 5 телевизија, преку најмалку пет трансфери.
„Дури 240 илјади евра од овие пари Владата ги префрлила на Канал 5 во еден ден, на 30 ноември 2013 година“, рече Шилегов.
Тој посочи дека преку пет трансфери, Владата префрлила над 230 илјади евра и на сметката на Алфа телевизија.
„Идентично како примерот со Канал 5, најголемиот дел од овие пари, дури 216 илјади евра Алфа телевизија ги добила од Владата во само еден ден, на 10 декември 2013 година“, рече Шилегов.
Потсети дека веќе објавиле оти Владата префрлила на сметката на Сител телевизија повеќе од еден милион евра за кампања, од кои 450 илјади евра во еден ден, на 23 дена пред локалните избори.
Владата веднаш ги отфрли како лажни, неточни и невистинити денешните обвинувања на СДСМ за медиумските кампањи. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев вели дека Владата никогаш не криела, нема да крие и нема зошто да крие дека реализира информативни активности преку медиумите чија единствена цел е информирање на граѓаните за нивните права и можности, за проектите, како и промоција на вредностите во општеството.
Тој истакна дека сите активности што се реализирани се направени во согласност со законот, во меѓусебна консултација со сите субјекти, со потпишани договори завререни на нотар и со испочитувани процедури од почеток до крај во процесот на нивното случување.
„Сите овие информативни активности преку медиумите се реализирани врз основа на препораки и извештаи на специјализирани, независни професионални агенции кои се занимаваат со определувањето и позиционирањето на медиумите на полето на нивното рангирање“, изјави портпаролот.

Слично