СДСМ и коалициските партии ставија потпис на Платформа за демократска Македонија
„Изборите мора да бидат регуларни, фер и демократски!“, „Медиумите мора да бидат слободни и објективни!“, „Борбата против криминалот и корупцијата мора да биде бескомпромисна!“, „Институциите мора да бидат независни!“ се демократските начела и принципи кои се најдоа во Платформата на Опозицијата и нејзините партнери.
Како што беше најавено, Платформата беше потпишана денес а целта како што велат потпишувачите е земјата да се врати на прав пат со слобода и демократија.
Дел од платформата, прифатија да бидат СДСМ, Нова Социјалдемократска партија, Либерално демократската партија, Обединети за Македонија, Партија за движење на Турците, Партија за целосна еманципација на Ромите, Демократски сојуз на Власите во Македонија, Санџачка лига, Српска странка во Македонија, Движење за национално единство на Турците во Македонија, Нова Алтернатива, ПЕП21, Партија на обединети пензионери и граѓани, Граѓанско либерална партија.
Заев, при обраќањето по повод потпишувањето на Платформата рече дека истата ги содржи оние принципи во кои веруваат и нема да отстапат се додека не бидат исполнети.
Опозицискиот лидер во име на оваа Платформа упати повик до сите граѓани, полтички парии и организации да не бидат дел од нелегитимни избори кои како рече, власта сакала да ги спроведе на 5 јуни.
