Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ и коалицијата покренаа постапка за разрешување на Ѓорге Иванов

СДСМ и коалицијата покренаа постапка за разрешување на Ѓорге Иванов

Денеска пратеничката група на СДСМ и опозицијата покренува постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов кој , како што тврдат тие нелегитимно извршува функција претседател на Република Македонија.

„Со својата вчерашна одлука, како што рече тој, за општа амнестија на политичарите, Ѓорге Иванов стана заштитник на криминалците, го погази уставот, законите и достоинството на граѓаните што е државен удар.

Дополнително му зададе смртоносен удар на договорот од Пржино.

Затоа бараме Собранието на Република Македонија да биде свикано за покренување на постапка за утврдување на одговорност на Ѓорѓи Иванов“, изјави координаторот на Пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески.

Тие ги повикаа сите парламентарни партии да ја поддржат оваа иницијатива и да преземат чекор за враќање на уставниот поредок во Република Македонија.

„Вчера ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека не се согласува со одлуката на Ѓорге Иванов. Ако е така ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да дојдат во Собранието и да го потпишат предлогот. Само така ќе докажат дека се искрени во изјавите во спротивно ќе потврдат дека станува збор за договор меѓу нив и Иванов“, посочија СДСМ и нивните коалициони партнери.

Ти истакнуваат дека „Иванов со неговото неуставно постапување врши дискриминација и создава поделба меѓу граѓаните, на политичари недопирливи кои сака да ги ослободи од одговорноста за тешки кривични дела и останати граѓани, обични смртници кои подлежат на казни и за минорни кривични дела“.

Слично

Поврзани вести