СДСМ и ДУИ ќе достават иницијативи за аболицијата
Се очекува до Собранието денеска да бидат доставени две иницијативи, на ДУИ и на СДСМ, за решавање на аболицијата која ја направи шефот на државата, Ѓорѓе Иванов.
СДСМ бара Законодавно-правната комисија преку автентично толкување на Законот за помилување да донесе решение дека членот 11 од законот не постои и по таа основа Иванов не можел да донесе одлука за помилување.
Од ДУИ најавува дека ќе предложат амандмани за дополнување на Законот за помилување. Со нив претседателот ќе има право да ја укине аболицијата за сите 56 лица или одделно да ја повлекува на барање на лицата што ги помилува.
Слично
