СДСМ и ДУИ го избраа петтиот член на ад хок телото-се чека потпис на Груевски
Партиски избори за 24 вести потврдиле дека Љуљзим Хазири, ќе биде петтиот член на ад хок телото за медиуми.
Хазири е дописник на МРТВ од Гостивар, а после овој договор, на лидерската средба која се уште трае се очекува да се врати лидерот на владеачката гарнитура кој што се повлече претходно во текот на денот.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа сите услови на СДСМ.
Никола Грувски по заминувањето од преговарачката маса на која беа лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА упати порака во која рече дека прифаќа се што ќе даде опозицијата како предлог само СДСМ да не даде уште едно алиби за одложување на изборите.
„Со оглед дека ние ги кажавме нашите ставови и практично сите работи што ги поставуваа како некакви услови, им ги прифатиме, ги оставаме да се договорат. Ќе дојдеме подоцна, кога ќе бидат готови за да потпишеме што треба“, рече Груевски.
Слично
