СДСМ и ДУИ го исполнија првото барање на Алтернатива, Мубекир Палоши поставен за директор
СДСМ и ДУИ го исполнија првото барање на новиот коалиционен партнер Алтернатива од списокот на функционери што го достави претседателот Африм Гаши, а кои треба да бидат поставени на раководни позиции.
Денеска во Централниот регистар е запишан Мубекир Палоши како нов в.д генерален директор на Железници на РСМ - Транспорт и наедно претседател на Управниот одбор на ова претпријатие.
Досегашен директор на железниците беше Аднан Азизи, генералниот секретар на Беса, кој беше поставен на оваа позиција во ноември минатата година.
Дел од барањата на Алтернатива и Гаши за министри и заменици-министри ќе треба да почекаат Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ, да го добие мандатот и да состави нова Влада.
Но, директорските функции кои ќе ги добие Алтернатива може да се менуваат непречено. Така, покрај Палоши, Орхан Муртезани треба да биде директор на МЕПСО;
Амир Елези да ја води Клиничката болница во Тетово, Дритан Беџети треба да биде прв човек на ПИОМ,
Објавени се и Блерим Абази – директор на Управа за водење на матични книги и Беким Емини – директор на Агенција за странски инвестиции. Списокот со раководни позиции што ќе биде прифатен од Алтернатива е поголем, но носителите не се потврдени во јавноста.
А.К.
