Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Груевски си купува телевизори од речиси милион евра

СДСМ: Груевски си купува телевизори од речиси милион евра

Над 900 илјади евр за два месеци, потрошил  Никола Груевски за реклами на неговите виртуелни политики, обвини СДСМ.

Минатиот месец, на 30 октомври, Груевски склучил договор за ЛЕД екран и негова монтажа од околу 340.000 евра. Овој месец, на 17 ноември распишан е нов тендер за нов ЛЕД екран тежок неверојатни над 520.000 евра.Ден подоцна, на 18 ноември објавен е уште тендер за монтажа на половина милионскиот ЛЕД екран. За тоа Груевски ќе извлече од граѓаните уште 58.000 евра народни пари.- тврдат од опозицијата.

Од партијата велат дека половина милионскиот телевизор, Груевски ќе го постави на т.н.палата АСНОМ во којашто е сместен Секретаријатот за европски прашања.За ЛЕД екранот од 340.000 илјади евра нема информација каде ќе заврши.

Ова се случува додека 1.000 рударски семејства месецов останаа без егзистенција, над 180.000 граѓани живеат со 40 денари на ден, примателите на социјална помош живеат со 22 денара на ден, а половина милион граѓани на Македонија живеат под линијата на сиромаштија, се наведува во сооптешнието на СДСМ.

Слично

Поврзани вести