СДСМ: Груевски продолжува со инструментализација на судството
Тие велат дека премиерот продолжил со инструментализација на судството за тесно-партиски цели.
„За претседател на Судскиот совет кој веќе подолго време не фунционира, на предлог на ВМРО ДПМНЕ, е поставен поранешен правник во Министерството за одбрана!
Со ова, судското тело на чијшто предлог се именуваат и разрешуваат судии, како што можевме да слушнеме, по налози на Јанкулоска и други соработници на Груевски, повторно е сместено во сигурни партиски раце.
Ова е уште еден доказ за класична партизација и приватизација на институциите во Република Македонија од страна на Никола Груевски и тесната група на власт“, велат во соопштение од СДСМ.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/03/13/kormiloto-na-sudskiot-sovet-ke-go-predvodi-branko-ushkovski/" target="blank" ]Кормилото на Судскиот совет ќе го предводи Бранко Ушковски[/button]
