СДСМ: Груевски призна дека разговорите се автентични
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за забрана на емитувањето на прислушуваните разговори, за опозицијата е јавно признание на власта на автентичноста на снимките.
„Поднесувањето на законот од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за според, Никола Груевски, лепените, сеченети и монтираните материјали одеднаш ги направи не било какви, туку прислушувани кои треба со закон да се забранат. Нема поголемо јавно признание на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за автентичноста на скандалозната содржина од снимките. Со овој потег признаваат дека се ислашени од материјалите“, вели пратеникот од СДСМ Петре Шилегов.
Шилегов демантира дека законот за мораториум на бомбите бил дел од договорот од Пржино. Тој вели дека за ваков закон не било дискутирано, а ова било само обид да се наруши преговарачкиот процес.
