СДСМ: Груевски преку Боцевски и се заканува на партијата
На денешната изјава на премиерот Никола Груевски дека политиката која ја водат пратениците на СДСМ е штетна за државата, вака реагираа од партијата на социјалдемократите:
-СДСМ ја очекуваше нервозата кај Никола Груевски кој лично со своето незрело однесување ја урниса политичката клима во Република Македонија, ја донесе државата на ниво на финансиски колапс, ги разниша кревките меѓуетнички односи, ги искомплицира меѓународните позиции на државата, од достоиствена земја кандидатка за ЕУ, до ниво на закани за повлекување на препораката за преговори со ЕУ, за што признава самата власт на Груевски, велат од партијата додавајќи:
-Никола Груевски, вчера, преку еден од неговите инструирани експерти, дури отиде чекор понатаму во режимското практикување на власта, токму на денот кога опозицијата покажа единственост за невлегување во Парламентот, поради криминалните избори.
Од СДСМ му порачуваат на Никола Груевски веднаш да престане со смешните закани, затоа што повеќе никој не му се плаши. Доколку опозицијата донесе таква одлука, Парламент во сенка ќе функционира, сакал Никола Груевски или не. На Груевски му се случува граѓански фронт, му се допаѓало тоа или не. Опозицијата ќе ги искористи сите демократски механизми за вонпарламентарното дејствување, а за тоа СДСМ и коалициските партнери НЕ бараат дозвола од Никола Груевски, ниту пак тој тоа ќе може да го спречи, информираат од партијата.
Слично
