СДСМ: Груевски нема храброст да се соочи со вистината
Меѓународната заедница денеска го потврди она што СДСМ го говори цело време - на 24 април нема услови за слободни, фер и демократски избори, соопшти партијата.
„Денеска Никола Груевски не собра храброст да се соочи со вистината дека нема услови за фер и демократски избори. Оценката на Европската унија и САД дека во овој момент потребните услови за организирање на кредибилни избори на 24 април не се исполнети и констатацијата дека се уште не е постигнат договор за реформи на медиумите е директна потврда на она што граѓаните веќе го знаат. Не се создадени услови за фер избори на 24 април, се додека не се прочисти избирачкиот список и нема реформи во медиумите." - стои во соопштението на СДСМ.
Слично
