Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Груевски не може да се спаси од обелоденатите злодела

СДСМ: Груевски не може да се спаси од обелоденатите злодела
-Очајот на Никола Груевски се виде во лицата на принудно донесените граѓани на коишто се читаше досада и пораката или си присутен или утре не си на работа. Се виде и преку неговиот говор со исти тези и исти реченици, со коишто неуспешно се обиде да го покрие неговото предавство - велат од СДСМ по собирот на владејачката партија денеска во салата ,,Борис Трајковски” Од опозицијата велат дека Груевски и неговите соработници не можат да бегаат од одговорноста што, според нив, цели девет години ги предавал интересите на граѓаните за лично богатење во илјадници метри квадратни. ,,Твојот збор повеќе нема вредност Никола Груевски. Готово е.” -  велат од СДСМ.
Слично

Поврзани вести