СДСМ: Груевски не може да се надева на преодна оценка
Во врска со денешниот народен собир кој го имаше владејачката партија од опозициската СДСМ велат дека после девет години масакар на правна држава, на економијата, на демократијата што ја претвори во режим, денеска Груевски излезе пред граѓаните да моли за нова шанса, за “новиот тест“ пред којшто се нашол.
„Слушнавме како вешто купувал парцели преку рајски канали, како ги цепкал за да ги сокрие, како мамел сопартијци да протестираат за да му ги штитат парите, како научил да користи динамит за да крева во воздух објекти на неистомисленици, како местел политички опоненти во затвор, како поставувал обвинители и судии за да ги штитат интересите на неговата фамилија, како манипулирал со човечки судбини. Прислушувал, следел, се навикнал сето нанесено зло сеирџиски да го гледа, уживал во овие одвратни сцени што ги менаџирал преку медиумите под негова контрола“, се вели во соопштението на СДСМ.
Тие додаваат дека сценаријата на Никола Груевски и тесната група околу него се откриени.
Го повикаа да не помисли да се обиде да калкулира за лични цели, каква што намера покажува и дека повеќе не може да се надева на преодна оценка.
