СДСМ: Груевски ќе врти реклами на ЛЕД телевизор од 400.000 евра народни пари
Опозициската СДСМ со обвинувања до премиерот Никола Груевски.
Од партијата на Заев тврдат дека премиерот ќе потроши 400.000 евра народни пари за ЛЕД телевизор за реклами на неговите виртуелни политики.
Според СДСМ екранот кој е набавен минатиот месец тежи неверојатни 340.000 евра, а месецов има уште еден оглас, за поставување на телевизорот, што ќе извлече уште 58.000 евра народни пари и вкупната сума се заокружува на 400.000 евра .
„Груевски ќе го стави скапиот ЛЕД телевизор на т.н. палата АСНОМ, во којашто е сместен Секретаријатот за европски прашања, но тој нема да ја покрие реалноста дека Никола Груевски освен пари им одзеде и 10 години живот на граѓаните на Република Македонија“, потенцираат од опозицијата.
Слично
