СДСМ:Груевски и неговата власт ќе им положат сметка на семејствата на загинатите полицајци
Од СДСМ велат дека Никола Груевски и неговата власт ќе им положат сметка на семејствата на загинатите полицајци, на луѓето чии домови се разрушени, на граѓаните на Куманово и на Македонија, што се случи на 9 мај лани во Диво Насеље и зошто.
Од партијата прашуваат чие дело е ужасниот инцидент во кумановско Диво Насеље?
„Зошто Владата на Груевски не ја спречила терористичко – криминалната група, бидејки јавноста слушна дека нејзини високи функционери имале и информации, а по се изгледа и контакти со неа? Семејствата на 8-темина загинати припадници на безбедносните сили ја очекуваат суровата вистина. Луѓето кои останаа без кров на главите ја очекуваат. Граѓаните на Куманово и на Македонија ја очекуваат. СДСМ ги споделува со граѓаните тагата, болката, револтот што ги оживува денешниот 9 мај и порачуваме дека јавноста ќе ја дознае вистината, а инволвираните и виновните ќе понесат одговорност“ - пишува во соопштението од СДСМ.
Нема лага и нема оправдување со коишто куририте на Груевски и неговите соработниците можат да го спречат тоа, додаваат од СДСМ.
