Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Груевски доцна се сети на студентите!

СДСМ: Груевски доцна се сети на студентите!

После вчерашната најава на премиерот Никола Груевски за бесплатен превоз на студентите од јануари следната година од опозициската СДСМ реагираат на , како што велат лицемерното ветување на премиерот.

Од партијата на Заев велат дека после 10 години е доцна , Груевски да се сети на студентите.

„Соочен со страв од изборен пораз, после три години игнорирање на барањето за бесплатен превоз и целосна негрижа за студентите Никола Груевски вклучил црвен аларм“, велат од СДСМ.

Oттаму обвинуваат дека власта ги краде идеите и проектите на СДСМ и велат дека ова е уште еден пораз на Груесвки после три години барање на студентите за бесплатен превоз.

После најавата на премиерот реакција стигна и од Студентскиот пленум.

„Ја поздравуваме реформата (бесплатен автобуски превоз за студенти) за која беа потребни 10 години да се донесе... Сосем случајно пред избори. Никола, да те потсетиме дека ние сме студенти, а не овци!“, му порачаа тие.
Слично

Поврзани вести