Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Груевски да го повика Иванов да ги поништи сите одлуки за помилување

СДСМ: Груевски да го повика Иванов да ги поништи сите одлуки за помилување
„Откако Македонија се крена на нозе во одбрана на уставниот поредок, државноста и законите, ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да избега од одговорноста за антидржавната одлука на Ѓорге Иванов со којашто го прекрши уставот и законот за да го заштити Никола Груевски и злосторничкото здружение“, соопштуваат од СДСМ . Од партијата на Заев велат дека Никола Груевски е  нарачателот на одлуката на Ѓорге Иванов. „Бидејќи Иванов и Груевски се тим, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нека го повикаат Иванов да ги поништи, односно да ги отповика сите одлуки за помилување. Идентично како што ја поништи аболицијата за Ламбе Арнаудов, поради „техничка грешка“, порача опозицијата. Ставот на СДСМ, потенцираат е јасен уште од почеток: поништување на сите одлуки за помилување донесени на 14.04.2016 и одговорност на сите за сторениот криминал. Заев прв јавно ја отфрли аболицијата и повика на поништување на срамните одлуки. Нелегитимниот Ѓорге Иванов, којшто е поставен на функцијата на криминални и нелегитимни избори, мора да замине и тоа веднаш! Човек, којшто од позицијата Претседател, со државен удар ја доведе државата на работ на експлозија не смее да остане на таа позиција“, порачува опозицијата.
Слично

Поврзани вести