Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ:Грција не може да се помири, македонскиот јазик и идентитет се реалност

СДСМ:Грција не може да се помири, македонскиот јазик и идентитет се реалност

За СДСМ непримерни се изјавите на грчкиот претседател, Прокопис Павлополус.

„За жал со ваквите изјави грчките политичари потврдуваат дека наместо фокусирање на политиката на 21-от век, којашто подразбира интегрирање, дијалог и меѓусебно почитување, сè уште живеат во минатото. Ваквите ставови на грчките политичари не одат во насока на подобрување на односите на Република Македонија со Република Грција. Очигледно дека Грција не може да се помири со реалноста“ - пишува во соопштението од СДСМ.

Република Македонија, македонскиот јазик, македонскиот идентитет се реалност, додаваат од партијата.

Слично

Поврзани вести