Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Граѓаните се гушат во загаден воздух додека Трајановски се луксузира со народни пари

СДСМ: Граѓаните се гушат во загаден воздух додека Трајановски се луксузира со народни пари

 Од опозициската СДСМ денеска со нови обвинувања до власта.

Овојпат од партијата на Заев тврдат дека Никола Груевски и Коце Трајановски расипнички ги трошат парите на граѓаните на раскош и луксуз.

„Само за нови барокни фасади Коце Трајановски планира да потроши нови 5,7 милиони евра. За нови плоштади и фонтани уште дополнителни 3 милиони евра. А само за одржување на фонтаните и спомениците уште 500 илјади евра. За Градската куќа следната година ќе се потрошат нови 2,6 милиони евра.

Врв на забеганоста, безобразлукот и луксузирањето се 500 илјади евра за пристапни површини околу гламурозното партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Приоритет за Коце Трајановски е партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ а не изградбата на комунална инфраструктура, за цело Скопје бидејќи за цела година предвидени се  750 илјади евра. За Коце Трајановски, партијата секогаш била и ќе биде поважна од граѓаните на Скопје“, обвинуваат од опозицијата.

Напоменаа дека со буџетот за 2016 Скопје ќе продолжи да се задушува во загадениот воздух а ќе нема ови училишта, ќе нема гасификација, ќе нема бесплатен јавен превоз за студентите секој ден

„Со амандманите кои ги поднесовме бараме повеќе пари за: реконструкции на училишни згради, за надвозници и пешачки мостови, изградба и реконструкција на велосипедски патеки, субвенции за велосипеди за граѓаните, мерки за намалување на загаденоста на воздухот, повеќе паркови и зеленило, гасификација на средните училишта, бесплатен јавен превоз за студентите секој ден,  бесплатен здрав оброк за учениците во средните училишта, расчистување на диви депонии и многу други мерки кои ги решаваат проблемите на граѓаните на Скопје“, посчи Дамјан Манчевски од СДСМ на денешната прес конферецнија.

Тој побара оставка од градоначалникот на Скопје. 

Слично

Поврзани вести