Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Граѓаните имаат право да дишат чист воздух

СДСМ: Граѓаните имаат право да дишат чист воздух

„Граѓаните во Македонија со месеци континуирано дишат воздух полн со канцерогени ПМ10 честички, опасен по нивното здравје“, обвинуваат од опозицијата.

Според официјалните податоци од мерните станици, само минатата година граѓаните се гушат од загаден воздух.

  • Во текот на целата 2015 година, од 365 дена во годината воздухот во Тетово бил загадендури 365 дена. Немало ден во Тетово граѓаните да дишат чист воздух!
  • Жителите на Центар во 2015 година дишеле 266 дена екстремно загаден воздух,од 365 дена во годината.
  • Жителите на Лисиче во 2015 година дишеле 325 дена екстремно загаден воздуход 365 дена во годината.
  • Граѓаните на Битола во 2015 година дишеле 276 дена екстремно загаден воздух.

„Колку треба граѓаните да платат за да дишат чист воздух? До кога граѓаните ќе плаќаат и со своето здравје?“, прашаа од партијата на Заев, реагирајќи дека власта потрошила 630 милиони евра за споменици, а граѓаните дишат загаден воздух полн со опасни, канцерогени честички.

Од СДСМ посочуваат дека овие 630 милиони евра можеа да се инвестираат во животната средина и целосно да се реши проблемот со загадувањето на воздухот.

Од најголемата опозициска партија во земјава велат доколку ја преземат тие власта во нивни раце ќе преземат далеку поисплатливи мерки за прочистување на воздухот.

Слично

Поврзани вести