Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Голем пад на бројот на вработени лица

СДСМ: Голем пад на бројот на вработени лица

СДСМ излезе со соопштение дека за период од една година има 17.000 помалку вработени во земјата.

- Тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ  за стабилна и одржлива економија.

Со оваа неспособна Влада:

-Пазарот на труд се стеснува, продуктивното население е разочарано и заминува.

-Фондот за пензиско осигурување е под притисок, бидејќи денес 1,63 вработени обезбедуваат една пензија, наместо 1,74 како што беше пред само една година.

Владата нема стратегија, нема визија, нема мерки за задржување и отворање на нови работни места.

Ова се последици од владеењето на Мицкоски, се зголемува несигурноста за младите, пензискиот систем се доведува во ризик а приватниот сектор е оставен сам да се снаоѓа, реагираат од СДСМ.

Во текот на јуни бројот на активни невработени лица се зголемил на 97.157 од 94.371 во месец мај.

Слично

Поврзани вести