Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ГО ВПЕРИ ПРСТОТ ВО ТОДОРОВ: На пациенти во очи им била ставана инјекција за вена?

СДСМ ГО ВПЕРИ ПРСТОТ ВО ТОДОРОВ: На пациенти во очи им била ставана инјекција за вена?

Најголемиот опонент на владеачката партија, СДСМ веќе неколку дена предупредува и ја обвинува власта и Министерството за здравство дека оперирани пациенти на Клиниката за очни болести добиле инфекција поради употреба на несоодветен препарат.

Овој скандал и денеска беше тема на судир меѓу двете партии.

СДСМ тврди дека според информации од болнички извори, во очите на пациентите во очи им е ставана инјекција што не е наменета за очи!

„Според информациите што ги имаме се работи за препраратот Авастин. Овој препарат, според упатството на производителот е наменет само за венска употреба. Производителот, посебно предупредува дека се потребни посебни мерки за претпазливост при неговата употреба. И во извештајот од Агенцијата за лекови е наведено дека Авастинот не е одобрен за употреба во очи“, предупредија од СДСМ.

Партијата на Зоран Заев бара министерот Тодоров да даде одговор кој го донел препаратот Авастин на Клиниката за очни болести и наложил да се става на пациенти во очи и колкумина пациенти се во ризик од компликации и дали и како тие компликации ќе се одразат врз видот на пациентите?

Од Клиниката пак вчера на опозиционерите им порачаа да ги остават тие да се грижат за пациентите.

„И денеска демантираме дека на нашата клиника има повеќе од 25 пациенти со какви било здравствени проблеми. Од ден на ден се изнесуваат лаги и невистини, а особено сме вчудоневидени како на дрзок и безобразен начин си играат со бројот на пациенти: 15, 25, повеќе од 25 и така натаму, како и со интегритетот на нашата здравствена институција, велат од клиниката“, велат од Клиниката.

Според нив, обвинувањата од страна на опозицијата се лаги и дезинформации и прашуваат дали е тоа поради политички, бизнис или личен интерес.

„Доволно се грижевте за здравјето на нашите пациенти, ве молиме повеќе да не се грижите, оставете го тоа на вистинските и докажани професионалци. Клиниката за очни болести ќе продолжи да ја работи својата работа професионално и во континуитет во интерес на здравјето на пациентите“, стои во реакцијата.

Слично

Поврзани вести