СДСМ го повика градоначалникот на Гази Баба да поднесе оставка
Од опозицијата денеска побараа аболицираниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски веднаш да си поднесе оставка, откако вчера Специјалното јавно обвинителство соопшти дека тој учествувал во криминални активности и го реализирал рушењето на Космос, објект во сопственост на лидерот на ПЕИ Фијат Цановски.
Дополнително, од СДСМ посочуваат дека Тони Трајковски треба да побара повлекување на аболицијата од Ѓорге Иванов за институциите да можат да спроведат законска постапка.
„Одговарност за рушењето на станбено деловниот објект Космос мора да има за секој што го прекршил законот. Бидејки помилуваните политичари не можат кривично да се гонат, отворени се истраги и се осумничено 4-ца вработени во општината. Градежната испекторка Елизабета Најдовска е осомничена за злоупотреба на службената положбапоради што изготвила несодветно решение за уривање. Осомничени се и 3-ца членови на Општинската комисија за јавни набавки затоа што во итна и постапка за 3 милиона денари избрале изведувач на уривање со динамит иако не ги исполнувал условите за таква дејност“, изјави Дарио Николовски, советник и координатор на советничката група на СДСМ во Гази Баба.
Од опозицијата уште еднаш посочија дека секој што го прекршил Законот мора да одговара.
