Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ го обвинува Коце Трајановски за кршење на Изборниот законик!

СДСМ го обвинува Коце Трајановски за кршење на Изборниот законик!
Опозициската СДСМ ја повикува Државната комисија за спречување на корупција да поведе прекршочна постапка против градоначалникот на Скопје Коце Трајановски за прекршување на одредбите од Изборниот законик. Според опозициската партија, Трајановски со пари од градскиот буџет во предизборен период ја платил рекламата за отчетот од сработеното, која беше објавена во саботното издание на весникот „Дневник“. „Се разубави времето, помина зимата, ќе се разбудат најверојатно и тие од сонот“ - вака портпаролот на СДСМ Петре Шилегов ги повика антикорупционерите да дејствуваат. Законот одредува од денот на распишување на изборите, сè до нивното завршување, радиодифузерите и печатените медиуми да не емитуваат, односно да не објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања. На прашањето дали се прекршува Изборниот законик со континуираните јавни настапи на владините функционери каде се сечат ленти од нови проекти и се отвораат нови објекти, Шилегов го цитираше министерот за здравство, Никола Тодоров. „Ќе го цитирам министерот Тодоров „Тоа е малку неетички“. Факт е дека немаме прекршување на законот во формално правна смисла на зборот, меѓутоа има еден минимум пристојно однесување во демократските процеси. Не би требало да се случуваат вакви работи. Меѓутоа, омилен спорт очигледно на власта е да глуми загриженост за граѓаните преку отворање разноразни проекти. За фер изборен процес не е доволно само консензуално носење на измените на Изборниот законик, туку и нивно доследно почитување“, истакна Шилегов. Тој најавува дека СДСМ на конгрес на крајот на февруари ќе донесе одлука за тоа кој ќе биде кандидат на оваа партија на претстојните претседателски избори.  
Слично

Поврзани вести