Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ го обвинува Груевски за зголемувањето на каматните стапки

СДСМ го обвинува Груевски за зголемувањето на каматните стапки

Груевски ја сноси директната одговорност за зголемувањето на каматните стапки, реагираат од СДСМ.

Од партијата сметаат дека е изгубена довебрата кај граѓаните и домашните кредитори за начинот на кој оваа власт располага со нивните финансии.

„Каматната стапка на Еврообврзницата издадена во 2009 година изнесува 9,875% или два пати повеќе од Еврообрвзницата што е издадена во 2005 година со каматна стапка од 4,625%. Срамот што Груевски сака да го скрие е десетгодишно свесно уништување на економијата. Додека Груевски и Ставрески ги зголемуваат каматните стапки за домашните банки, Европската Централна банка ја спушти референтната каматна стапка на најниско ниво од 0%. Очигледна е паниката во редовите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи домашните банки го вклучија црвениот аларм. Единствена надеж за Груевски да продолжи со задолжувањата на грбот на граѓаните беше токму зголемувањето на каматните стапки за што и јавно упати закана дека ќе изврши притисок врз гувернерот Богов за зголемување на каматните стапки на благајничките записи. Во ваквиот грабеж одамна учествува и кумот Ставрески“-  се наведува во реакцијата на СДСМ.

На редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, одржана на 3 мај 2016 година, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, да биде зголемена за 0,75 процентни поени, од 3,25% на 4%. Одлуката за затегнување на монетарната политика е реакција на зголемената побарувачка на девизи и притисоците врз депозитната база на банките, коишто во целост се последица на влошените очекувања на економските субјекти, предизвикани од нестабилната политичка состојба во земјата, додаваат од Централната банка.

Слично

Поврзани вести