СДСМ го напаѓа, ВМРО-ДПМНЕ го брани-а Талески никаде го нема!
Опозијата бара битолскиот градоначалник веднаш да си даде оставка а ВМРО-ДПМНЕ наместо да се огради, уште еднаш се стави во одбрана на луѓе осомничени за криминал, на кои личниот интерес и профит им е во прв план и со тоа само докажа дека криминалното работење е нивна главна одлика.
Од владеачката гарнитура пак велат дека Талевски е жртва на политичкиот прогон на Зоран Заев и Катица Јанева.
Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ вели дека Владимир Талевски е еден од најдобрите градоначалниц и чесно и совесно си ја вршел функцијата па затоа и битолчани три пати по ред му ја давале поддршката.
„Катица Јанева и судиите кои подлегнаа на притисокот од страна на СДСМ се должни да и објаснат на јавноста како е можно да се бара и да се изрече мерка куќен притвор за градоначалникот Владимир Талевски, а да нема таква мерка за градоначалникот на Струмица кој целата јавност го виде како бара поткуп од едно евро за него и едно евро за Вицето“, реагираат од партијата на Никола Груевски.
„Човекот кој ВМРО-ДПМНЕ го претстави како најчесен и највреден и кого 3 пати го кандидираше за градоначалник се сомничи за криминал со најскап превоз на учениците во светот.Уште еднаш се потврди дека она што го покажа Вистината за Македонија навистина е така. Се покажа дека објавениот разговор каде што Зоран Ставрески кажува за Талески дека е најголем криминалец не е ниту сечен, ниту лепен ниту монтиран“, велат пак од СДСМ.
И додека двете најголеми опонентски партии ги кршат копјата околу Владимир Талески, него никаде го нема.
Никој не знае каде е тој, мобилниот телефон му е исклучен а од битолската полиција за Телма рекле дека не смеат да дадат било каква информација.
Засега нема ниту официјални информации дали решението на Кривичниот суд стигнало во битолската полиија и дали постапиле по истото.
Не се јавува ниту неговиот адвокат ниту пак од судот кажуваат дали решението е испратено веднаш или тоа ќе го направат првиот работен ден со оглед дека решението беше донесено вчера доцна попладнето. Неизвесноста ќе биде решена во понеделник кога во неговата канцеларија доколку Талески е во притвор ќе треба да се појави негов заменик.
