СДСМ ги враќа пратеничките мандати, Заев нема да биде повикан на одговорност за изборен пораз
Централниот одбор на опозицискиот СДСМ доцна синоќа ја потврди одлуката за враќање на пратеничките мандати што оваа партија ги освои на предвремените парламентарни избори.
Ваквата одлука беше предложена од Извршниот одбор на партијата, со цел да се демонстрира дека опозициската партија не ги признава изборните резултати.
По излагањето на партискиот лидер Зоран Заев синоќа, членовите на Централниот одбор започнале долга и жешка дискусија за предностите и последиците што може да ги донесе една ваква одлука. На крајот, сепак било одлучено избраните пратеници да ги вратат мандатите. Според официјалните резултати од ДИК, на предвремените парламентарни избори коалицијата предводена од СДСМ освои 34 пратенички мандати.
Освен ова, Централниот одбор синоќа одлучил за изборните резултати да се разговара и на партискиот конгрес, кој ќе се одржи најверојатно на 11 мај, но притоа нема да биде побарана одговорност од лидерот Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска, тврдат партиски извори.
Слично
