СДСМ ги враќа пратеничките мандати, политичката криза која почна со Буџетот, се продлабочува
Сдсм повика на одржување фер и демократски парламентарни избори како единствен начин за излез од полиитчката криза. Генералниот секретар на партијата Андреј Петров вели дека, наспроти изјавите на Премиерот Груевски, СДСМ не се повлекува и дека ќе одат до крај за остварување на целта, враќање на демократијата и нови парламентарни избори.
-Сакам да порачам да не се лажат од власта дека СДСМ омекнува во своите позиции. СДСМ не само што има намера до крај да опстои на своите позиции спремен е во овој период да разговара, но без договор за одржување предвремени парламентарни избори СДСМ нема да се врати во парламентот и нема да учествува на претстојните локални избори.
Петров дури најави и вараќање на пратеничките мандати
-Ќе ги вратиме мандатите, а целокупната одговорност за продлабочување на политичката криза, која е најголема во последните 10 години ќе биде на контото на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Ние тоа не го посакуваме тоа, меѓутоа немаме намера да прифаќаме ултиматум од страна на Груевски – вели Петров.
Според Петров се помали се шансите да се надмине оваа состојба. До кризата во земјата дојде по буџетските настани, кога пратениците на опозицијата беа исфрлени од собранието, а Буџетот беше изгласан без амандманите на СДСМ и останатите опозициски пратеници. Оттогаш наваму почнаа серија протести на опозицијата низ целата држава. Власта, во меѓувреме ги закажа локалните избори за 24 март. СДСМ бара, заедно со локалните одржување и на парламентарни избори.
Ј.Ј.

Слично