СДСМ ги поддржа лекарите во протестот и побараа Тодоров да си оди
Најголемата опозициска партија во земјава ги поддржа лекарите во денешниот протест во кој го искажаа револтот поради понижувачкиот статус на здравствените работници.
Од СДСМ и денеска побараа оставка од министерот Тодоров напоменувајќи ги руинираните болници, неквалитените здравствени услуги, немањето на основни услови за работа на лекарите и низа смртни случаи .
Според оваа партија најголеми виновници за срушениот здравствен систем и хаосот во истиот се Никола Груевски и Никола Тодоров .
Инаку на денешниот протест лекарите побараа Закон кој ќе ги штити како здравствени работници.
Докторите велат дека нивната професија се деградира и побараа веднаш да се донесе Закон со кој ќе бидат заштени.
Тие побарале бенифициран стаж, Закон за сестринска и акушерска дејност и систем за заштита на достоинството и угледот на здравствените работници, и да се исклучи Мој Термин.
Имено, во текот наредните денови на Клиниката за дигестивна хирургија нема да се извршуваат операции и прегледи освен итните случаи.
