СДСМ ги осудува провокациите со прогласување самонаречена Илирида
СДСМ ги осудува провокациите со прогласување самонаречена Илирида.
-Никој нема право со какви било обиди да го загрозува суверентитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Штетите од ваквите непромислени чекори на одредени структури се врз сите граѓани на Република Македонија, реагираат од опозициската партија на СДСМ.
Според нив ваквите настани се резултат на политиките на актуелната власт на поделби, подгревање етнички тензии, партизација на државните институции, застој во евро-атлантските интеграции, осиромашување на граѓаните и бесперспективност.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повикува граѓаните да не наседнуваат на ваквите провокации.
Слично
