Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Финансиска полиција да ги „прочешла“ и другите општини не само Струмица и Куманово

СДСМ: Финансиска полиција да ги „прочешла“ и другите општини не само Струмица и Куманово
Опозицијата денеска поднесе  пријава до Финансиската полиција да ги провери јавните набавки за превоз на ученици во сите општини во Македонија и да ги објави резултатите од спроведената контрола во општините Струмица и Куманово. Партијата на Зоран Заев денеска упати обвинување на адреса на Финансиската полиција дека спроведува нарачана мисија во општините под палка на опозицијата. Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов истакна дека опозициските општини немало што да кријат и оти сите јавни набавки биле согласно законите. Шилегов ја обвини владеачката партија дека ги злоупотребува институциите со намера да го сокрие криминалот во своите редови, на локално и централно ниво, затоа ја повика Финансиска полиција да ги провери сите јавни набавки во другите општини на државата и јавно да соопшти што пронашле, во спротивност ќе одговараат за несовесно, пристрасно работење и за во заштита на криминални активности.
Слично

Поврзани вести