Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Државните институции секој месец да објавуваат колку пари трошат и должат

СДСМ: Државните институции секој месец да објавуваат колку пари трошат и должат
Опозицијата поднесе предлог до Собранието за како да се зголеми транспарентноста на државните институциите во трошењето на народните пари. Од СДСМ предлагаат сите државни институции секој месец да објавуваат извештај за тоа колку пари трошат, но и колкав им е долгот. Партијата смета дека на овој начин граѓаните ќе имаат увид како се трошат парите од буџетот. Од ВМРО-ДПМНЕ пак овој предлог го оценија како апсурден и технички неизводлив.  Тие велат дека сегашниот модел обезбедувал транспарентност во трошењето на парите. Инаку, на последното истражување, Македонија се најде меѓу земјите што не обезбедува транспарентност во трошењето на народните пари. Веднаш до неа беа земји како Ангола, Малезија, Мароко, Сао Томе и Принципе, Буркина Фасо и Доминиканска Република.
Слично

Поврзани вести