Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Државна гаранција од 10 милиони евра за кредити и царинска гаранција од 3 милиони евра

СДСМ: Државна гаранција од 10 милиони евра за кредити и царинска гаранција од 3 милиони евра

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во најавата за четвртиот пакет економски мерки за помош и поддршка на погодените со пандемијата на коронавирусот, нагласи дека се обезбедени 470 милиони евра за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка и за конкретна помош за стопанството.

Од таму нагласуваат дека ќе бидат издвоени 10 милиони евра како државна гарантна шема за кредитирање и 3 милиони евра како царинска гаранција.

„Силна поддршка е предвидена за стопанството, преку намалување на трошоците, финансиска поддршка и пристап до поволни кредити.

Во таа насока е и Државната кредитна гаранција. Со оваа мерка државата става на располагање 10 милиони евра, пари за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик.

 Со државната гаранција од 10 милиони евра на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.

За поголем извоз и полесен пристап до суровини, во рамките на четвриот пакет антикризни мерки, се реазлизира и Државна царинска гаранција. Со 3 милиони државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг се поддржува извозот и увозот и истовремено, се олеснува пристапот до суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра“, гласи во соопштението на СДСМ.

Од владеачката партија додаваат дека за дополнителна поддршка на компаниите, овој пакет вклучува и одложување на отплата на кредити за компании до крајот на годината, како и намалување на казнената камата за јавни давачки за половина од 0,03 проценти на 0,015 отсто што ќе важи до крајот на годината.



Слично

Поврзани вести