Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Додека ние разговараме за штедење, Владата тајно се задолжи со нови 100 милиони евра!

СДСМ: Додека ние разговараме за штедење, Владата тајно се задолжи со нови 100 милиони евра!
„Додека со денови го убедуваме министерот за финансии, му нудиме аргументи, предлози да се скрати буџетот, бидејќи тоа мора да се направи за овој народ и за оваа економија, овие од власта ја преминаа буквално секоја линија. Вчера додека ние разговаравме, тие тајно, од ден за ден, не само што не го намалија својот луксуз и потрошувачка, туку се задолжија за нови, верувале или не, 100 милиони евра. Во еден ден! Во еден ден, тајно, од ден за ден, на вонредна аукција за државни хартии од вредност, без најава како што тоа треба да биде, само за еден ден“, изјави денеска пратеникот од СДСМ, Игор Иванов. Обвинувајќи ја Владата за лажна конструктивност, од опозицијата посочија со замањето на новото задолжување од 100 милиони евра Македонија станува држава идентична на Грција. „Ако се има предвид колку се задолжија пред пет дена и колку планираат да се задолжат за три дена од сега или само за една недела тие ја задолжија државата внатре за нови 125 милиони евра“, вели Иванов и прашува „Има ли крај на ова лудило и на овој лоповлук. Ова што се случува е безобразно, дрско и ненародно и затоа сакаме на ваков начин да ја информираме јавноста дека ова што го прават дефинитивно нè убедува дека попуштање, договарање, пазарење, ценкање со парите на граѓаните ниту сме мислеле, ниту ќе има, ниту пак тоа е нашата намера“. Од опозицијата најавија нова тактика за да ја натерааат Владата да се однесува поинаку. Велат дека  ќе се појават на координацијата  за да го прашаат Ставрески зошто што инвестираа оваа недела дена или пред еден месец или за што планираат да ги земат тие 125 милиони евра од македонските банки, какои да побараат од него да го прифати предлогот за буџетски заштеди од 204 милиони евра. „Ова што се случува дефинитивно ги надмина сите граници - и на Устав и на закон и на Деловник и на здрав разум. Затоа, ќе не гледате до крај во оваа сала на начинот на кој што започнавме. Нема да и дозволиме на законодавно-правната комисија да го крши законот, Уставот и Деловникот или пак да и дозволиме да овозможи нови задолжување. Ќе продолжиме да работиме на комисијата за финансирање и буџет за да ги убедиме да се повлечат од ова грчко сценарио во режија на Никола Груевски“, велат од опозицијата.
Слично

Поврзани вести