Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ денеска одлучува што ќе прави со мандатите

СДСМ денеска одлучува што ќе прави со мандатите
Централниот одбор на СДСМ денеска треба да пресече дали и како ќе се спроведе најавата на партискиот лидер Зоран Заев за непризнавање на резултатите од изборите. Неофицијално, на вчерашниот состанок на Извршниот одбор била потврдена одлуката за враќање на мандатите. Но, не се открива кои други опции ќе бидат понудени пред Централниот одбор, кој треба да ја донесе конечната одлука. Партијата не поднесе приговори за изборите до истекот на крајниот рок вчера. Вкупно 12 приговори за текот на избирачкиот процес стигнаа до Државната избирна комисија - 2 од ДУИ, 4 од ГРОМ, 6 од ДПА. За нив централната изборна комисија ќе расправа денеска.
Слично

Поврзани вести