Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Денешните законски предлози се само почеток

СДСМ: Денешните законски предлози се само почеток

Од опозицијата реагираа на денешната изјава на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, кој законските предлози на СДСМ ги нарече несериозни и дневен политички маркетинг.

Од СДСМ велат дека пратениците од власта се збунети и исплашени, бидејќи како што велат, граѓаните препознаваат вистински решенија за подобар живот.

„Граѓаните сакаат зголемување на минималната плата, бараат укинување на екстерното оценување и обезбедување контрола на трошењето на парите. Со денешните предлог законски решенија на СДСМ токму тоа се обезбедува. ВМРО-ДПМНЕ добро нека го чува својот страв. Денешните серија на Закони предложени од опозицијата се само почеток. Допрва ќе видат што се вистински закони, што се вистински решенија за наталожените проблеми на граѓаните коишто ги предизвика токму ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението од СДСМ.

Слично

Поврзани вести