Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Дефект во РЕК Битола на стартот на грејната сезона!

СДСМ: Дефект во РЕК Битола на стартот на грејната сезона!
Веќе трета недела заради дефект исклучен е првиот блок од термоцентралата РЕК Битола и тоа на стартот на грејната сезона, објави опозицискиот СДСМ. Според партијата, се работи за скршен дел од турбина што се случува и покрај потрошените околу 60 милиони евра пари на граѓаните за техничко дооопремување на блоковите во РЕК. „Запирањето на работата на Блок 1 ќе значи помало производство на домашна струја. Ќе мора да се увезува струја! Затоа што процесот на враќање на Блок 1 во функција може да трае неколку месеци. Бидејќи изведувачот на претходниот зафат, според информациите што ги имаме, барал посебно испитување на оштетените делови, лопатки на турбина, а за тоа немало склучен рамковен договор. Тоа би значело допрва распишување оглас за набавка на потребните делови“, вели Васко Ковачевски од СДСМ Битола. Тој нагласува дека поправката ќе чини околу 50.000 евра кои повторно ќе треба да ги платат граѓаните, затоа што е истечен гарантниот период на извршеното техничко доопремување. „Бидејќи од 15 октомври почна грејната сезона, а во зимскиот период потрошувачката на струја е поголема, бараме власта да излезе и да каже колкави ќе бидат вкупните трошоци врз нас граѓаните по најновиот дефект во РЕК Битола? И кој и колку ќе заработи од увозот на струја од ваквата ситуација со термоцентралата во Битола“, вели Ковачевски.
Слично

Поврзани вести