Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Четврт милион млади луѓе ја напуштија Македонија

СДСМ: Четврт милион млади луѓе ја напуштија Македонија
За само неколку години неверојатна бројка од 250.000 млади луѓе ја напуштија Македонија, а дури 75% од младите луѓе не се оптимисти за својата иднина во оваа земја, обвини Социјалдемократската младина (СДММ) на Меѓународниот ден на младите. „Младите во Република Македонија се најзагрозени од лошата општествено-економска состојба во земјата. Погрешните политики на актуелната власт ги потврдуваат низа податоци од реномирани светски институции. Според Светска банка, невработеноста кај младите во Македонија изнесува над 58%, што не прави неславни рекордери во нашиот регион“, вели потпретседателот на СДММ, Марио Михајлов. На светскиот ден на младите СДММ апелира до власта - неопходно е итно вложување на огромни напори за сопирање на негативниот тренд на иселување на младите.
Слично

Поврзани вести