СДСМ: Буџетот не е одговор на кризата!
СДСМ смета дека предлог буџетот за 2013 година кој беше ставен на увид на јавноста е буџет на долгови, кредити и буџет кој не нуди решение на голем дел од проблемите на граѓаните. Иако владата планира да во 2013 година да ги задолжи граѓаните на Р. Македонија за нови 290 милиони евра и да го зголеми буџетскиот дефицит на 3,5% се поставува прашањето каде ќе се трошат овие нови кредити, праша Марјанчо Николов, пратеник на СДСМ
- Сакаме да истакнеме дека и во овој буџет нема предвидено средства за решавање на проблемот на вработените во ОХИС. Три недели вработените на оваа компанија штрајкуваат пред Владата заедно со вработените од Ремонт на пруги и никој од Владата не најде за потребно да ги прими и да им објасни што планира владата да прави со нив и нивната компанија.Владата не може да избегне од овој проблем затоа што таа е доминантен сопственик во ОХИС исто како што е и во ЕМО и во Тутунскиот комбинат во Прилеп. Сакаме да ја прашаме владата како ќе им објасни на вработените во ОХИС дека во Буџетот за 2013 год. има 11,5 милиони евра за економска промоција и реклами на Владата а нема 3 милиони евра за 14 плати на 800 вработени во ОХИС, вели Николов.
Според СДСМ Владата можеби може да го толерира недомаќинското работење на менаџерскиот тим во ОХИС кој направил нова загуба од 3 милиони евра и да не го смени, но не смее да ги игнорира вработените и нивните проблеми.-
- Додека Македонија е соочена со рецесија, пад на бруто општествениот производ, рекорден пад на индустриското производство кое во деветте месеци од оваа година е помало за 6,9% во однос на истиот период од минатата година, но и со незапаметен раст на задолжувањата на Владата дома и во странство, владата очигледно и во 2013 год. користејќи го оправдувањето дека е економска криза, нема визија како овие состојби постепено да се надминат и проблемите на граѓаните конечно да почнат да се решаваат.
Според СДСМ изминатата година, македонските граѓани се оптоварени со инфлација од преку 5%, каде растот на цената на храната, маслото, лебот и другите основни производи учествуваат со раст од преку 10%. Цените на струјата, парното и бензините исто така постојано растат и затоа сметаме дека буџетот за 2013 година нема да донесе ништо подобар стандард ниту за вработените во ОХИС ниту за останатите граѓани во Македонија, велат од СДСМ.
Слично
