Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Бројот на ученици се намалува, причина е сиромаштијата

СДСМ: Бројот на ученици се намалува, причина е сиромаштијата
Власта го крие фактот дека бројот на ученици во Македонија секоја година се намалува, тврди опозицискиот СДСМ. „Ова ја прави ситуацијата алармантна. Oд 2007 до 2013 година, седум години од владеењето на Никола Груевски, бројот на ученици е намалена за 27.000, потврди Државниот завод за стастистика. Во Штип се преполовени паралелките, во Охрид е намален бројот на првачиња за 25 проценти, а во Струга за цели 50 отсто. Тоа е причината за намалувањето на учениците во Велес, Кичево и Другово“, изјави пратеникот на СДСМ, Љубиша Николиќ. Според него, една од главните причини за оваа појава е сиромаштијата. „Погрешните политики на власта, кои доведоа до сиромаштија и безперспективност го земаат најсуровиот данок. Младите се поретко се решаваат да основаат семејство а се повеќе да ја напуштат државата. Дури и цели семејства заминуваат од своето родно место“, нагласува тој. Социјалдемократскиот сојуз повикува сериозно да се сфати состојбата и веднаш да се направи стручна анализа за причините на оваа појава, а власта да се фокусира на приоритетите за граѓаните.
Слично

Поврзани вести