Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Бомбата од прислушувањето експресно обезбеди вработувања

СДСМ: Бомбата од прислушувањето експресно обезбеди вработувања
На денешната прес конференција од опозициската СДСМ по повод новите вработувања кои ги најави Владата истакнуваат дека требало да се случи скандалот со прислушувањето па тогаш премиерот да реагира и решава работни статуси на граѓани кои ги залажувала неговата власт.
„Откако целата јавност лично од овие блиски луѓе до Груевски дозна дека течеле само вработувања од нивниот шеф и поплаки дека не се реализирале ургенции од министри, бомбата од прислушувањето експресно обезбеди вработувања на лица со кои се манипулирало со години“, изјави Љупчо Николовски на денешната конференција.

Од СДСМ укажуваат дека овие вработувања ќе се реализираат без конкурс, затоа што  се однесуваат на веќе ангажирани лица од оваа власт со разни договори на дело или волонтери.

„Бидејќи вработувањата ќе се реализираат пред да стапат на сила новите закони за администрација, тоа значи дека за нив нема да важат строгите критериуми што овие закони ги бараат, вклучувајќи и скапи дипломи за англиски јазик и слично. Овој потег на Никола Груевски е класична корупција. Ако навистина се потребни вакви вработувања во државната и јавна администрација зошто не се трансформира  веднаш работниот однос на  сите категории на лица ангажирани по разни основи, туку се најавуваат етапи? Најавените етапи оставаат впечаток дека се држат на стенд бај, оние кои со уцена гласаат за ВМРО-ДПМНЕ“, потенцираа од СДСМ.

Тие истакнуваат дека премиерот под притисок на најавените докази за начинот на неговото незаконско и криминално владеење, ги замрзна казните за екстерното на наставниците, го одложи екстерното на студентите, се предомисли за касапењето на хонорарите, сега ќе превработува на грбот на граѓаните.

Слично

Поврзани вести