Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Бомбата ќе „експлодира“, согласно нашата стратегија!

СДСМ: Бомбата ќе „експлодира“, согласно нашата стратегија!
Сите аргументи и докази за начинот на работење на Владата на Никола Груевски СДСМ ќе ги објави согласно стратегијата на партијата. Граѓаните имаат право да ја знаат вистината за начинот на владеење на Груевски, се јави со соопштение најголемата опозициска партија СДСМ, по повикот на ВМРО ДПМНЕ Заев да ја објави содржината на „бомбата“. - Очигледна е нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните се погласно и похрабро велат НЕ на власта на Груевски. Се распаѓа системот на контрола, на таење информации и лажирање на вистината на ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата на СДСМ. Откако лидерот на опозицијата Зоран Заев најави медиумска бомбаза која рече дека драматично ќе се одрази врз власта, врз коалицијата но и врз цела Македонија, власта денеска го повика да ги обелодени наводните докази за случувањата. Заев најави дека аферите што ќе ги обелодени ќе го натераат Груевски да си поднесе оставка за три дена.
Слично

Поврзани вести