Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Богов да го штити интересот на граѓаните, а не да се прави портпарол на Груевски

СДСМ: Богов да го штити интересот на граѓаните, а не да се прави портпарол на Груевски

Новото задолжување од 100 милиони евра на власта ги скара политичките партии и банките.

Откако опозицискиот лидер на итна прес конференција укажа на деградирана одлука од ДИК и ги повика банките да се водат од државниот интерес и од интересот на граѓаните истакнувајќи дека тие мораат да имаат во предвид дека сите аукции на државни хартии од вредност коишто немаат согласност од дополнителниот заменик министер за финансии, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување, од аспект на нивно третирање како законски јавен долг, со реакција се јави гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

Тој побара политичките партии да не ги мешаат банките во нивните политички битки. ­

-Политичките притисоци врз банките се недозволиви и неспоиви со пазарната економија. Имајќи предвид дека најголем дел од банките се во странска сопственост, политичкиот притисок врз банките може да има катастрофални последици врз нивната перцепција за деловниот амбиент во Македонија и нивните идни планови. Деловните банки имаат целосна слобода и право самите да одлучат каде ќе ги пласираат своите ликвидни средства согласно со својата деловна политика- вели гувернерот Богов во писмената изјава.

На оваа реакција, од СДСМ  упатија контра реакција напоменувајќи дека единствени  коишто вршат врз притисок врз деловните субјекти во Република Македонија, па и на банките, се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Гувернерот Димитар Богов којшто се јавува во улога на портпарол на Груески и Ставрески треба да го штити интересот на државата и на граѓаните.

Големите светските банки пред неколку дена прифатија да купуваат државни хартии од вредност издадени од Република Македонија само кога нивното издавање е потпишано од министерот за финансии и од дополнителниот министер за финансии“, велат во реакцијата од СДСМ.

Од партијата на Заев му порачаа на Гувенерот Богов да го следи пристапот на светските банки со издавањето на еврообврзницата.

Слично

Поврзани вести