СДСМ: Бевме лидер во регионот по квалитетот на патиштата, сега сме на дното
Од СДСМ денеска на прес-конференција изјавија дека Македонија во моменов има најлоша патна инфраструктура во регионот.
Додаваат дека според Светска банка квалитетот на патиштата, во споредба со соседните земји, постојано се влошува.
„Ако некогаш бевме лидер во регионот според квалитетот на патиштата, сега сме на самото дно. Од центар на Балканот, Македонија стана заобиколена земја, со најлоши патишта. Како резултат на ова граѓаните се движат по небезбеден пат“ - вели Благој Бочварски, членот на ИО на СДСМ.
Според СДСМ, ова го потврдува и анализата на ЕУ за квалитетот и безбедноста на патиштата, каде од истражуваните 789 километри од патиштата во Македонија само 2 проценти се оценети со максимални пет ѕвезди или со зелена боја, а 39 проценти со една ѕвездичка или со црна боја. Земјава, додаде, е на 78. место од 100 земји по квалитетот на патиштата и на рангирањето на „Ворлд Економик Форум“.
Од ВМРО-ДПМНЕ одговараат дека СДСМ денар не вложила додека била на власт за патиштата.
Велат дека ги оставиле патиштата да пропаѓаат, а за сметка на тоа ги полнеле сопствените џебови.
Од ВМРО-ДПМНЕ објаснуваат дека сега се градат три автопати, три експресни патишта, се изградиле преку 400 локални патишта и слично.
