Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара власта да ги повлече новите давачки за хонорарите, од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека се тамам!

СДСМ бара власта да ги повлече новите давачки за хонорарите, од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека се тамам!
Опозицискиот СДСМ побара власта целосно да го повлече пакетот на закони за зголемување на давачките за хонорарите. - Доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да ги заштитат невработените граѓани и оние кои со години работат, а не се социјално и здравствено осигурени, ќе предложеа задолжителна трансформација на сите хонорарни договори во договори за редовен работен однос, токму како што тоа наводно ќе го направат за 3.000 вработувања во јавната и државна администрација – рече Мила Царовска од СДСМ. Додека СДСМ се занимава со лаги, манипулации, црни сценарија и се обидува да го руши уставниот поредок, Владата продолжува да носи мерки во интерес на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ . - Најновите измени во делот на законот за хонорарци се донесени врз база на консултации со државни институции, доставени забелешки на граѓани и организации кои беа прегледани и имплементирани. Покрај значајните придобивки што ги нудат измените, како обезбедување на пензиски стаж за пензија овозможувајќи мирна и сигурна старост, односно повисок износ на пензија, лицата задолжително се осигуруваат од ризиците на старост, инвалидност, смрт и здравствено осигурување. Овие измени исто така се во насока на зголемена заштита на правата на работниците и нивниот статус, соопштија од владејачката партија.
Слично

Поврзани вести