Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара Уставниот суд да се поизнесе за уставноста на СЈО

СДСМ бара Уставниот суд да се поизнесе за уставноста на СЈО

СДСМ бара од Уставниот суд итно да се произнесе за иницијативата околу уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство и одлуките за аболиција од страна на претседателот Ѓорге Иванов веднаш и целосно да бидат поништени.

Потпретседател на СДСМ, Дамјан Манчевски вели дека СЈО мора да биде оставено независно да си ја врши својата работа.

„Опструкциите се предводени од Никола Груевски и неговите пропагандни гласила. За да се реши кризата во Македонија мора да има правда. Мора СЈО да биде оставено независно да ја врши своата работа. Затоа, бараме Уставниот суд веднаш да се произнесе за иницијативата околу уставноста на Законот за СЈО. Срамните и неуставни одлуки за аболиција од страна на Ѓорѓе Иванов веднаш и целосно да бидат поништени“ - изјави Манчевски.

Суштинска цел на постоењето на СЈО е да се врати владеењето на правото и правната држава. Законот да важи за сите подеднакво, додава тој.

Слично

Поврзани вести