Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара судиите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки

СДСМ бара судиите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки

Судиите во Уставниот суд немаат морален ниту правен кредибилитет да одлучуваат непристрасно и законски бидејќи се поврзани со Никола Груевски, затоа поради  конфликтот на интереси кој постои во партиската поврзаност како што тврдат од опозицијата, и бараат тие да поднесат оставки на функциите.

Од СДСМ споменуваат за поврзаноста на судиите со владеачката гарнитура при што напоменуваат дека „Ќерката на Елена Гошева, Слободанка, е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком, кадешто главен извршен директор е кумашинот на Сашо Мијаков, Жарко Луковски. Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС.

Сопругот на Слободанка, Игор Гиевски, е поранешен претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, сега член на Управниот одбор на ЕВН, именуван од владата. Ѓорѓи Гошев, маж на Елена Гошева, бил поранешен директор на Студентскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ. Другата ќерка на Елена Гошева, Бојсна Гошева, работи во Агенција за електронски комуникации“, велат од партијата на Заев.

Оттаму тврдат дека и судијата Јован Јосифовски и неговото семејство се исто така тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

„Од 2006-та до 2011 година Јосифовски бил претседател и член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ. Како член на ДИК, Јосифовски учествувал во избори што се предмет на кривично-правна истрага за изборни нерегуларности.

За Уставен судија, Јосифовски е предложен од Илија Димовски, односно од ВМРО-ДПМНЕ и во отсуство на пратениците од опозицијата е избран во 2012 година“, потенцираат тие.

Од СДСМ велат дека ако имале морален, личен и професионален интегритет самите судии ќе поднесле оставки или ќе се иземеа од одлучување.

Слично

Поврзани вести